Во одделот за кардиологија „Дедиње“ почина братот на поранешниот југословенски и српски претседател Слободан Милошевиќ, Борислав.
Претходно српските медиуми објавија дека здравјето на Борислав нагло се влошило по што бил итно пренесен од Црна Гора во Белград со хеликоптер.
Борислав Милошевиќ беше српски и југословенски дипломат. Неговата дипломатска кариера почна во 1970-тите во Москва, поради тоа што до соврешенство го владеел рускиот јазик. Тој често бил во придружена на поранешниот југословенски лидер Јосип Броз Тито на меѓународни состаноци и како непосреден преведувач наа средби со советското раководство. Подоцна, тој бил амбасадор на Југославија во Алжир, а потоа и амбасадор во Русија.