По невидениот колапс на електропреносниот систем, дури и делови од Грција, Албанија, немаат струја.
Цела Црна Гора и Босна и Херцеговина и речиси половина од Хрватска во моментов немаат струја. Медиумите неофицијално наведуваат дека дошло до дефект на системот по дефект на далноводот во Црна Гора.
Засега не се знае кога би можел да се реши проблемот и кога неколку милиони потрошувачи би можеле да добијат струја.
Во Хрватска без струја останаа Сплит, Шибеник, Омиш, Макарска, Дубровник и Жупа Дубровачка, Каштела, Солин, Водице, Првиќ, Задар, Стариград Пакленица… Дури и многу острови немаат струја. Семафорите не работат, па дошло до колапс во многу градови.
– Момци надвор е +35, ова е неподносливо. Сакаме одговори што поскоро – пишува револтиран читателот на Јутарњи.
Истовремено, медиумите во Босна и Херцеговина јавуваат дека по 12 часот градовите низ државата останале без струја. Струја нема во Бања Лука, Горажде, Прњавор, Котор Варош, Сараево, Дервента…
– Причините за дефектот на системот не се познати, но се претпоставува дека причината е преоптоварување на меѓусебно поврзаните 400 kV далноводи во регионот, нивни прекини, а потоа и пренос на нарушувања во системот на БиХ – извести Електропривреда БиХ.
Скоро цела Црна Гора нема струја. Струја нема во Будва, Бар, Рисно, Подгорица…