Плевнелиев: Соработката и интеграцијата го претворија Балканот во пример за успешен развој

Од:

Активностите на цивилното општество во Југоисточна Европа и политичката волја на одделните држави за мирен развој, интеграција и соработка, го претворија Балканот од регион на конфликти во пример за успешен развој, изјави денаска во Букурешт бугарскиот претседател Росен Плевнелиев на средбата на шефовите на држави или влади од земјите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа, јави БТА.

Плевнелиев потенцира дека генералната желба за приклучување кон ЕУ, како и стремежот на граѓаните кон создавање транспарентни и ефикасни институции, се факторите кои ги обединуваат државите од регионот.

Позитивната промена е факт и земјите од Балканот денес споделуваат заедничка инфраструктура, кредитни институции и економски кластери, нагласи бугарскиот претседател и како успешни примери ги посочи туризмот и автомобилската индустрија.

Плевнелиев беше категоричен дека поврзаноста е клечен фактор за економскиот раст во Југоисточна Европа и овозможува отворените производствени можности во една земја да создадат претпоставки за развој на целиот регион. Не помалку важно е, смета тој, и олеснувањето на граничната контрола и работата на институциите за привлекување нови инвестиции.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?