Плевнелиев: Се движиме кон формирање техничка влада

Од:

Потенцијалите на сегашното Народно собрание се исцрпени и очигледно се движиме кон формирање на техничка влада, изјави денеска бугарскиот претседател Росен Плевнелиев по денешните консултации со претставниците на четири парламентарни групи.

Плевнелиев одржа заедничка средба со претставници на пратеничките групи на Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), на Бугарската социјалистичка партија (БСП), на Движењето за права и слободи (ДПС) и на Сината коалиицја, со цел да ги согледа нивните ставови по оставката на Владата на Бојко Борисов.

Шефот на бугарската држава соопшти дека согласно Уставот во понеделник на ГЕРБ на Борисов, ќе и го додели мандатот за формирање нова влада, а ако партијата не успее во тоа, шанси ќе добијат и БСП и ДПС. Ако ниту една од трите партии не фомира влада, што е реално да се очекува, ќе биде создадена техничка влада која ќе раководи со земјата до завршувањето на предвремени избори.

Според Плевнелиев, можен период за одржување на предвремени избори е од крајот на април до средината на мај. Редовен термин за парламентраните избори во Бѕгарија е јули 2013.

На денешните косултации кај Плевнелиев не присустваа претставници на националистичката партија Атака, која соопшти дека не сака да учествува на средба „во најавениот формат“.

Плевнелиев вчера соопшти дека ќе одржи заедничка средба со сите пратенички групи со цел да бидат избегнати шепкулациите и сомнежите за „тајни коалиции договорени во Претседателсѕвото“.

Би можело да ве интересира

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени