Плевнелиев: Евентуалните предвремени избори ќе се одржат на 12 мај

Од:

Доколку не успее и третиот обид за формирање влада предвремените избори ќе се одржат на 12 мај, изјави денеска бугарскиот претседателот Росен Плевнелиев, јави БТА.

– Наш заеднички ангажман, на политичарите и на граѓаните е да не дозволиме натамошна дестабилизација. Граѓаните ни подадоа рака, имаме шанса да ја вратите нивната доверба. Не сакаме избори по Цветници и Велигден, Затоа доколку и третиот обид не успее, предвремените избори ќе се одржат на 12 мај, нагласи Плевнелиев на седница во Парламентот, обраќајќи се до нацијата.

Тој упати апел до учесниците во протестите со заеднички сили да се надмине кризата. – Вие го сменивте дневниот ред, институциите се придвижија во дадената насока, заедно да ги посочиме проблемите и да го побараме решнението, им порача тој на демонстрантите.

Плевнелиев истакна дека главна задача е да се зачува граѓанскиот мир и јавниот ред, но и да се надгради тоа што досега е постигнато.

– Изминатите месеци луѓето излегоа на улиците и покажаа дека во Бугарија има здраво граѓанско општество, дека сакаат да бидат управувани од чесни луѓе, да не ги лажат и крадат, нагласи бугарскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Рокас: Соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било

Возач во Бугарија возел со 3,04 промили алкохол во крвта, казнет е со 18 месеци затвор

А1он

Девојка со нож избоде тројца мажи во Софија, еден од ранетите се бори за живот

Мицкоски: Се што ветивме на изборите многу внимателно го исполнуваме