Плевнелиев: ЕК се надева дека по изборите Бугарија ќе може да добие стабилна влада

Од:

Европската комисија се надева дека по изборите на 12 мај Бугарија ќе биде во состојба да состави стабилна влада, која ќе може да ги увиди проблемите на граѓаните и да ги продолжи реформите во енергетиката и антимонополското законодавство, изјави во Брисел бугарскиот претседател Росен Плевнелиев по средбата со претседателот на ЕК Жозе Мануел Барозо.

– Разговаравме за дневниот ред на следниот Европски совет, темите се мошне важни за Бугарија, поврзани се со невработеноста, особено меѓу младите, со мерките за поддршка на растот и вработеноста, нагласи Плевнелиев, јави БТА.

Тој додаде дека со Барозо разменил информации за ситуацијата во Бугарија и тоа што ќе се случува понатаму.

Плевнелиев нагласи дека Бугарија добила целосна поддршка од ЕК за достојниот начин на кој се справила со предизвиците, согласно Уставот и законите.

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Рокас: Соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било

Возач во Бугарија возел со 3,04 промили алкохол во крвта, казнет е со 18 месеци затвор

А1он

Девојка со нож избоде тројца мажи во Софија, еден од ранетите се бори за живот

Мицкоски: Се што ветивме на изборите многу внимателно го исполнуваме