Пленковиќ: Владата ги заштити граѓаните од високите цени

Од:

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на отворена владина седница го коментираше денешниот бојкот на продавниците и трговските синџири поради високите цени и оцени дека ова е важна и артикулирана порака од граѓаните која, како што рече, ќе се земе предвид.

„Ова е важна и артикулирана порака до граѓаните да ги следат и споредат цените и да сметаат дека некои од тие цени се неприфатливи во споредба со слични или идентични производи во странство, каде што во денешното време на технолошки напредок можат лесно да ги споредуваат цените со оние во другите земји “, рече Пленковиќ на воведот на владината седница.

– Пораката од граѓаните е важна и ќе биде земена предвид при дефинирањето на мерките за административно ограничување на цените на одредени производи, кои Владата ќе ги донесе следната недела, рече Пленковиќ.

Би можело да ве интересира

Контроверзниот хрватски пејач Томпсон продаде невројатни 280 илјади билети за концертот во Загреб

Хрстиќ: Подготвени сме да примиме на лекување уште повредени од пожарот во Македонија

Двајца повредени од пожарот во Кочани пристигнаа на лекување во Загреб

Цвијановиќ ги повика Хрватска и Србија да одржат нови преговори за Дејтон

ВИДЕО: Акцијата за спасување на Костелиќ во Црна Гора траела пет часа, објавени снимки

Црногорската војска го спаси Ивица Костелиќ од морето кај Улцињ