Пленковиќ: Томпсон е единствениот што може да собере половина милион луѓе денес, тоа не е ревизионизам

Од:

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека концертот на Марко Перковиќ Томпсон на Загрепскиот хиподром бил голем настан и успех со кој сите можат да бидат горди, оценувајќи ги како претерани критиките на дел од опозицијата дека станува збор за политички собир што промовирал фашизам.

„Тоа не значи никаков историски ревизионизам, не значи никаква промоција на усташите. Тоа значи концерт на пејач кој е единствениот во Хрватска денес што може да собере половина милион луѓе“, изјави Пленковиќ за новинарите по синоќешната седница на Претседателството на ХДЗ.

Не криејќи го своето задоволство од организацијата на концертот на кој присуствувале половина милион луѓе кои, како што рече, дошле да слушаат еден изведувач, Пленковиќ рече дека овој концерт не се разликувал од другите концерти на Томпсон одржани во последните 35 години.

Би можело да ве интересира

Пленковиќ: Македонската Влада добро напредува кон ЕУ

Мицкоски-Пленковиќ: Македонскиот пат кон ЕУ е исполнет со непринципиелни и неправедни блокади

(ВИДЕО) Мицкоски и Пленковиќ потпишаа договор за стратешка соработка меѓу двете земји

Мицкоски: Со Пленковиќ разговаравме за продлабочување на соработката помеѓу двете држави

Горан Наумовски

Пленковиќ: Пристигнува најголемата енергетска криза во поново време

Пленковиќ: Ќе го предупредиме НАТО за новото оружје на Србија