Платите во грчкиот приватен сектор полека паѓаат на ниво пониско дури и од пензиите, покажуваат официјалните податоци во Атина.
Просечната нето плата лани е намалена на 817 евра месечно, по оданочувањато и плаќањето на придонесите, објави грчкиот весник „Катимерини“.
Состојбата е уште полоша во случајот на 39,3 отсто вработени кои месечно заработуваат помалку од 750 евра бруто, односно околу 630 евра нето.