Се повреди себе си, но и својата сопруга – пиштолот случајно пукна во нивниот автомобил во Белград.
Како што неофицијално дознава српски „Информер“, ранувањето се случило ноќта помеѓу саботата и неделата, околу полноќ, по прослава каде што брачната двојка била во Белград.
– Во раните часови на неделата, еден маж бил примен во Ургентниот центар со прострелна рана во раката, како и жена со прострелна рана во ногата. Ранувањето наводно се случило случајно – изјавил извор на „Информер“ запознаен со случајот.
Како што неофицијално се дознава, несреќата се случила по прославата каде што била брачната двојка.
– Тие биле на пат кон дома кога мажот го ставал пиштолот во багажникот на автомобилот. Во тој момент, никој не знае како, но пиштолот пукнал. Куршумот поминал низ неговата рака и ја погодил жената на возачкото седиште во ногата. Таа добила прострелна рана во потколеницата и бутот – изјавил соговорникот.
Ранетите маж и жена се пренесени со возило на брза помош во Ургентниот центар.
Случајот е пријавен во полиција, спроведена е истрага, а таа ќе утврди како точно се случило ранувањето.