Петков: Нема да донесам никаква одлука за С. Македонија, без да бидам поддржан од Собранието

Од:

„Министерството за надворешни работи сега мора детално да го образложи францускиот предлог до собраниската Комисија за надворешни работи и да донесе одлука. Повторно велам дека нема да донесам никаква одлука без да бидам поддржан од ставот на Народното собрание, изгласан од негово мнозинство“.

Ова го изјави премиерот Кирил Петков по повод францускиот предлог за почеток на преговори меѓу Република Северна Македонија и ЕУ, објави БГНЕС.

Петков не знае дали парламентот ќе се произнесе за предлогот до средбата на европските лидери следната недела. Ако не, тој нема мандат да се обврзе да го укине ветото на Бугарија за почеток на преговорите.

Петков објасни дека на самитот на ЕУ следната недела нема да оди со владиниот став, туку со ставот на парламентот, доколку го има.

„Европската унија дава можност да се гарантираат правата на Бугарите во Северна Македонија преку јасен механизам дека Република Северна Македонија не ги почнува преговорите за Европската Унија пред промената на Уставот. Меѓувладината конференција треба да започне откако ќе го сменат Уставот, но ако го сменат својот устав, Бугарија нема да може повторно да ги спречи и ќе гарантираме дека нема да измислуваме по еден услов на секои 6 месеци“.

За коментарите на шефот на државата Румен Радев утринава за состојбите во Собранието и барањето поддршка за опстанок на владата, премиерот рече:

„Да му го честитаме роденденот, тој денес има роденден, да е жив и здрав. А она што можам само да му посакам со сигурност е – луѓето што некогаш го поддржуваа на плоштадот беа истите луѓе кои нè поддржаа пред собранието. Највредната политичка карактеристика, според мене, е да ги слушаме“.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Немам проблем да се сретнам со бугарскиот премиер за да најдеме начин да се одблокира процесот

Муртезани: Никогаш не сум рекол дека ќе излеземе од Владата ако нема уставни измени на крајот од годината

Гаши: Во секое време може да почнеме со уставни измени, но како држава сме во временски теснец

Преземените обврски мора да се почитуваат порачува францускиот амбасадор

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Предлог уставни измени во Собранието, пред формирање влада во Бугарија, е наивно

Катерина Ѓуровски

Почна средбата на Мешовитата историска комисија, прва со новиот состав на македонскиот тим