Бугарскиот премиер Кирил Петков во пост на својот Фејсбук профил објави дека започнува јавна кампања за собирање средства што ќе и бидат доставени на украинската Влада.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Петков, испраќањето воена помош за Украина бара политичко, но и општествено единство. За таа цел тој ќе донира една од своите плати како премиер на Бугарија.
Во јавното пространство во земјата има многу екстремни мислења на оваа тема, беше категоричен тој.
В среда Петков и делегација предводена од бугарската владејачка четирипартиска коалиција ќе го посетат Киев. Според него, додека не се постигне политички консензус на темата, граѓаните на Бугарија, кои веруваат дека никој во Европа нема право да ги напаѓа соседите и да убива цивили, можат слободно да изберат финансиски да и помогнат на Украина за набавка на муниција, повика Кирил Петков. И изјавува дека започнува јавна кампања за собирање средства што ќе и се дадат на украинската влада.
Извор: МИА