Петков и Руте разговараа за сите теми од дијалогот со ЕУ

Од:

Бугарскиот премиер Кирил Петков во разговор со неговиот холандски колега Марк Руте рече дека Бугарија се придржува до договорот со Гаспром, но кога овој договор еднострано се раскинува, тогаш Бугарија вели не и нема да се согласи на еднострано менување на овој договор.

Бугарија многу придонесе за запирање на паричните текови на (рускиот претседател Владимир) Путин и очекува разбирање дека не можеме истовремено да одиме од 95 отсто на нула во гасот и да воведеме ембарго на единствената рафинерија во земјата која за жал работи само со мешавина од нафта од типот Урал, јави дописникот на МИА од Софија.

Бугарија ќе сака да биде дел од исклучоците додека не ги направи другите инфраструктурни енергетски можности да има нафтовод од Грција, додаде бугарскиот премиер.

Во однос на Република Северна Македонија, бугарскиот премиер Кирил Петков рече дека се работи за „конкретни чекори заедно да се изодат по овој пат и тоа не е функција на какви било календари или очекувања, туку функција на заедничка работа што треба да се направи заедно, што и го правиме“. Бугарската влада ќе ја достави темата до бугарскиот парламент и се надева дека во блиска иднина ќе има напредок на оваа тема и дека европската иднина на Република Северна Македонија ќе стане реалност.

– За Шенген, бугарската влада има силна задача да ја елиминира корупцијата, да го подигне нивото на бугарските институции, ова е најбезбедниот пат за Бугарија до Шенген и Марк ме увери дека тоа е патот, рече Кирел Петков.

Премиерот на Холандија Марк Руте изјави дека премиерот на Бугарија се бори против корупцијата, ја модернизира земјата. – Ние ќе бидеме партнери и навистина сакаме да соработуваме во економијата, во зелената економија, еко-културата, ќе имаме трговски мисии во Бугарија, вклучувајќи го и овој фонд што сакаме да го создадеме, ќе има соработка меѓу универзитетите, додаде Руте.

Двајцата разговараа и за војната во Украина. Холандија досега и помага на Бугарија со ловците Ф-35 и важно е да се биде рамо до рамо, бидејќи со заканата од Русија мора да се справиме заедно на ниво на ЕУ и НАТО, рече Руте. Обединети сме, а поделени ќе бидеме поразени, додаде тој. Имате пријатели насекаде низ Европа, не сте сами и нашата поддршка е за Бугарија, изјави премиерот на Холандија Марк Руте.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Руте: Русија ќе се обиде да го уништи украинскиот електроенергетски систем

Горан Наумовски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Руте: НАТО алијансата останува обединета, без разлика кој ќе победи на изборите во САД

А1он

Шефот на НАТО: Севернокорејските војници пристигнаа во Курск, ова е значајна ескалација

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар