Црн биланс забележан е во саботата на патиштата во Албанија, каде што во еден ден се случиле дури шест тешки сообраќајни несреќи, во кои пет лица го загубија животот, а 18 се повредени, пренесува Макфакс.
Најтешката сообраќајка се случи во саботата попладне во близина на градот Кукс, кога загинаа четири лица од едно семејство, додека едно е тешко повредено.
Семејството се враќало од една свадба во Тирана и автомобилот паднал во провалија на патот кон Кукс, во североисточна Албанија.