Пет рачни гранати, кои претставувале опасност за туристите, биле извадени денеска од морето кај црногорскиот град Тиват, јави Танјуг.
Претставници на Регионалниот центар за обука на нуркачи за подводно деминирање ги извадиле гранатите и претстои тие да бидат уништени.
Полицијата презела дејствија за случајот, откако граѓани јавиле за гранатите, за кои се претпоставува дека биле фрлени во морето од несовесен граѓанин.
Регионалниот центар за обука на нуркачи ги повикува граѓаните да не фрлаат средства, кои можат да предизвикаат општа опасност со непредвидливи последици.