Брачната двојка Славица и Миленко Маринковиќ од селотот Гојчин во Босна 10 години ја држеле во заложништво германската девојка Карла, ја тепале и малтретирале уживајќи во нејзиниот плач и солзи.
Случајот го пријавил нивен соселанец во полицијата која во почетоткот не поверувала на обвинувањата но по направената истрага брачната двојка била уапсена.
Селанецот го забележал злостоорството кога почнал да соработува со Миленко и самиот бил сведок на нејзиното малтретирање. Ја фотографирал и пријавил во полиција. Го предупредил својот соработник да не го прави тоа, но Миленко не дал значење на зборовите, велејќи дека тие со сопругата и ќерката уживаат додека ја слушаат Клара како вика и плаче.
Девојчето било една од четирите ќерки на претходната сопруга на Миленко, Германка по потекло која во Босна со себе ги донела своите четири ќерки. Останатите три сестри на жртвата се омажиле за негови роднини, а девојчето години останало да живее со него со очувот.
Со деформирани раце, гладна, без да види леб и нормален кревет живеела 1о години во мизерни услови.
Полицијата ја пронашла во шумата каде што ја сокриле роднините на Маринковиќи откако дознале за апсењето.