Пеколни горештини во Грција, затворени се основните училишта, постои опасност од пожар

Од:

За Грција денеска се најавени пеколни горештини, а многу високите температури, a според најавите, ќе траат до викендот.

Највисоки температури се очекуваат денеска и утре, а се предвидува дека во некои делови од земјава ќе достигне и до 42 Целзиусови степени. Најтопло ќе биде во копното на Грција, најмногу во централните и јужните региони, а властите предупредуваат на голема опасност од избувнување на пожари.

Поради многу високите температури, основните училишта се затворени низ цела Грција, а постои можност учебната година да заврши порано поради екстремните горештини за основците и предучилишната возраст. Според извештаите на локалните медиуми, во многу градинки и пониски одделенија од основните училишта наставата трае само до 11.30 часот.

Како што е најавено во северните делови на Грција, температурата ќе се движи од максимални 37 до 40 степени, додека претпладне ќе достигне до 27.

Во централна Грција и западниот дел на Пелопонез максималната температура ќе достигне од 38 до 40 степени, а во Тесалија од 41 до 42 степени, додека во источните делови живата во термометарот може да достигне и 43 степени.

Според најавите, на островите во источното Егејско Море температурата ќе се искачи до 39 степени, додека локално на Крит ќе достигне до 42 Целзиусови степени.

Во Атика во четврток максималната температура ќе достигне до 41 степен, додека во приморските предели температурата ќе биде пониска за 3 до 5 степени.

Во петок се очекува опаѓање на температурата во западните, централните и северните делови од земјава, додека во останатиот дел од земјава се уште ќе има многу високи температури.

Властите предупредија на опасност од пожари во регионот на Атика, Коринт, Лариса…

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он