Павлопулос: Турција да го почитува меѓународното право и европското законодавство

Од:

Претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос од Брисел испрати порака до Турција да го почитува меѓународното право.

– Во грчко-турските односи, одново повторувам дека се стремиме кон пријателски и добрососедски односи и ја поддржуваме европската перспектива на Турција. Но, за ова, предуслов е, од страна на Турција да има искрено почитување на европското законодавство, чиј нераскинлив дел е и програмата „НАТУРА 2000“ и меѓународното право, порача грчкиот претседател, говорејќи пред Грците кои што се вработени во европските институции.

Споменувајќи ги Лозанскиот договор и Договорот од Париз, Павлопуллос нагласи дека тие „не оставаат простор за сиви зони“ и нивното оспорување „води до оспорување на границите, не само на Грција, туку и на ЕУ“

Во однос на кипарското прашање, грчкиот претседател истакна дека тоа е меѓународно, во главно, европско прашање, за кое Грција се стреми да се реши што е можно побргу со постигнување праведно и одржливо решение

– Не сфатливо е Република Кипар, како рамноправна членка на ЕУ, да има ограничен суверенитет, оцени Павлопулос.

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он