Павлопулос: Грција ја поддржува европерспектива на Северна Македонија, но потребно е да се исполнат предусловите

Од:

Грција ја поддржува европската перспектива на Северна Македонија, но потребно е целосно почитување на меѓународното право и правилна имплементација на Договорот од Преспа, во спротивно ќе биде блокирана нејзината европска перспектива, рече грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, во честитката по повод националниот празник на Грција, 25 март, повторувајќи ја истата порака што ја испрати и во честитката до Грците од дијаспората, пред три дена, како што во петокот објави МИА.

Павлопулос, и овој пат, во писмената честитката до граѓаните, ги спомена и т.н. грчки национални прашања, односите на земјата со Турција, Албанија, Северна Македонија, како и кипарското прашање.

-Што се однесува на Република Северна Македонија, ја поддржуваме нејзината европска перспектива. Но, предуслов за оваа перспектива, од нејзина страна е целосно и искрено почитување на европското законодавство во целост, со тоа и меѓународното право во целост, а пред сè Договорот од Преспа, што мора да се толкува и да се имплементира, според неговата содржина и духот, на начин што не остава ниту трага од иредентизам. Според тоа, секоја спротивна тактика, се подразбира, дека ќе го блокира европскиот интегративен напредок на Република Северна Македонија, пишува Павлопулос во честитката, јави дописничката на МИА од Атина.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он