Српскиот патријарх Иринеј побара од премиерот Ивица Дачиќ со сиот свој авторитет да ја забрани „Парадата на гордоста“и изложбата на фотографии на шведскиот уметник Елизабета Елизабете Олсон Валин на кои Исус Христос е прикажан во женска облека.
Во соопштението доставено до медиумите патријархот порачува дека станува збор за „трагично комична парада на срамот“ која фрла морална сенка на Белград“ и на како што вели „вековната христијанска култура и на достинството на семејството“.
За изложбата, која е најавена за вечерва , патријархот вели дека тоа е „длабоко навредлива изложба“ која пропагира хомосексуалност“.
„Не претпоставував дека и оваа година ќе бидам приморан да Ви се обратам во името на Српската православна црква со молба вие со вашиот авторитет да ја оневозможите оваа скандалозна изложба“, се вели во соопштението на српскиот патријарх.