ПАСОК: Сириза го поддржува насилството

Од:

Грчкиот ПАСОК ја обвини Сириза дека го поддржуваат насилството. Претсатавниците на Сириза ја напуштија седницата на парламентот, откако еден министер најави дека ќе зборува за нападот во Атина.

Лидерот на ПАСОК, Евангелос Венизелос, за време на дебатата посветена на нацрт “омнибус законот” на неопходните реформи, ја обвини Сириза за “политичка збунетост која е пријателски наклонета на тероризмот” и “флертувањето” со насилството, јави грчката агенција АНА.

Венизелос истакна дека ПАСОК, која е дел од владејачката коалиција, го поддржува нацрт-законот и смета дека реформите се апсолутно неопходни за заздравување на земјата.

Пратениците на Сириза го напуштија парламентот кога министерот за јавен ред Никос Дендијас најави дека ќе зборува за терористичкиот напад ова утро на просториите на Нова Демократија.

Пратениците на Сириза и партијата од опозицијата Независни Грци изразија остар протест, истакнувајќи дека на овој начин се троши времето за расправа за нацрт-законот, кој е ставен на дневен ред како итно прашање.

Дендијас остро го осуди нападот ова утро, велејќи дека “никој нема право да крши, пљачкосува и фрла” молотови коктели “.”

Овие коментари уследија по серијата напади, вклучувајќи го и пукањето утринава на канцелариите на Нова Демократија, членка на владејачката коалиција, како и нападите со “молотови коктели” на куќата на братот на портпаролот на владата Симос Кедикоглу и на куќите на петмина новинари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини

Мицотакис ги моли граѓаните на Санторини да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он