Партијата на правдата и развојот (АКП) на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган води на локалните избори со 48 отсто, покажуваат првичните резултати од локалните избори во Турција. Кандидатите на најголемата опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) освоија 31 отсто од гласовите, врз основа на околу 28 отсто од гласачкиот материјал од над 194.000 избирачки места.
Опозицискиот кандидат има мала предност во Анкара, додека партијата на Ердоган води во Истанбул.
Дванаесет политички партии денеска учествуваа на изборите во Турција на кои денеска граѓаните ги избраа локалните власти. Со малку помалку од половина од изброени гласачките кутии, Мансур Јавас од Републиканската народна партија има 49,1 отсто од гласовите во Анкара, еден процент повеќе од поранешниот министер Мехмет Озхасеки од партијата АК.
Во Истанбул, пак, по избројани 80% од гласачките кутии, кандидатот на АКП и поранешниот премиер Бинали Јилдирим освои 50,1% од гласовите, додека главиот опозициски кандодат има 47,3% од гласовите.
На локалните избори во Турција гласаат повеќе од 57 милиони луѓе на околу 200 000 изборни места во 922 окрузи.
Две лица беа убиени во источниот дел од Турција на избирачко место на денешниот изборен ден.