Партијата на Демирташ е категорично против пучот, но ќе ја продолжи борбата против Ердоган

Од:

Прокурдската Демократска партија на народите (ДПН) категорично е против обидот за преврат во Турција, но ќе ја продолжи својата борба против режимот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и неговото „угнетување“, изјави лидерот на оваа партија, Селахатин Демирташ, во интервју за агенцијата Франс прес.

Демирташ објасни дека нема противречност меѓу неговата поддршка за Ердоган во корист на демократијата од пред една недела и отпорот против неговиот режим.

ДПН стравува дека воведената вонредна состојба во земјата може да биде искористена за репресија, која повеќекратно ќе го надмине ловот на вештерки, почнат на 15 јули.

-Гласавме против вонредната состојба затоа што немаме доверба во АКП за ова прашање, изјави курдскиот лидер.

„Еден државен преврат во Турција никогаш не донел стабилност и демократија. Турција веќе е поразена од потлачувањето на Ердоган и превратот само ќе ги влошеше работите доколку успееше“, објасни Демирташ.

-Затоа, исправени пред превратот, ние ја поддржавме демократијата, рече тој, но додаде дека ДПН „не го подджува Ердоган, ниту политиката на владеачката Партија на правдата и развојот (АКП)“.

„Сметаме дека грешките, дозволени од Ердоган, доведоа до овој пуч“, рече Демирташ.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ