Папакоста бара толкувачка изјава за јазикот и државјанството

Од:

По завршувањеτо на уставната ревизија да се даде дополнителна толкувачка изјава во врска со јазикот и државјанството, бара заменик министерката за цивилна заштита на Грција и претседателка на партијата НЕО, Катерина Папакоста.

Во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА, Папакоста вели дека нејзиниот предлог е веќе познат, а во следните денови ќе ги повика на дијалог политичките партии.

-Сметаме дека е неопходно постоење на толкувачка изјава веднаш по завршувањето на ревизијата на Уставот на соседната земја. Поконкретно, толкувачката изјава што ја предлага НЕО, ќе одредува дека: а) јазикот на соседната земја не се однесува на античкиот македонски јазик, туку ѝ припаѓа на групата словенски јазици. б) Националноста се однесува на државјанството (citizenship), вели Папакоста во интервјуто и додава дека со „чувство на национална одговорност“, нејзината партија го доставува предлогот до владата, народот и политичките партии, за „засекогаш да се реши големото национално прашање, со главен критериум, почитувањето на историјата и гарантирање на грчките национални интереси“.

Катерина Папакоста, до лани беше член и пратеник на Нова демократија, а подоцна ја формираше партијата НЕО и по реконструкцијата на крајот од август годинава, влезе во коалиционата грчка Влада како заменик министер за цивилна заштита.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он