Пакистан го призна Косово

Од:

Признавањето на независноста на Косово од Пакистан, за кое деновиве јавија косовските медиуми,  и официјално денеска е потврдено од Mинистертвото за надворешни работи на оваа азиска земја, јави порталот Албеу.

-Владата на Пакистан донесе одлука да ја признае Република Косово. Одлуката е донесена во согласност со аспирациите на народот на Косово, стои во соопштението објавено на веб  страницата на Министертвото за надворшени работи на Пакистан.

Според соопштението, владата на Пакистан, исто така, одлучила да го акредирира својот амбасадор во Турција, како амбасадор во Косово.

Пакистан стана 98 држава која го признава Косово, по прогласувањето на независноста во февруари 2008 година. 

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски