Пајат: Договорот од Преспа ја отвори евро-атлантската перспектива на сите земји од Западен Балкан

Од:

Со секој чекор што го правиме за да ја пречекаме Северна Македонија во НАТО, а се надевам еден ден и во ЕУ, ги зајакнуваме темелите што ги олеснуваат трговијата, економскиот развој и стабилноста, истакна амбасадорот на САД во Грција, Џефри Пајат, за време на конференцијата на грчкиот остров Крит, посветена на 70-годишнината од НАТО и 20-годишнината од членството на Полска, Чешка и Унгарија.

Тој додаде дека овој напредок го олеснува „побивањето на лажните приказни за поделби што другите земји ги користат за ширење нестабилност“.

-Соединетите американски држави веруваат дека Договорот од Преспа отвори можности за напредок на сите земји од Западен Балкан на патот кон евро – атлантските институции, истакна амбасадорот на САД во Грција.

Пајат говореше за позицијата, но и улогата на Грција на Балканот, и нагласи дека успеа да ја преземе водечката улога за стабилизација на поширокиот регион, јави дописничката на МИА од Атина.

-Јасен пример за ова е вратата што се отвори откако Атина го ратификуваше Договорот од Преспа. Благодарение на тоа сега сме во процес да ја донесеме Северна Македонија во нашата алијанса како 30-та членка. Сигурен сум дека има многу лекции што Полска, Унгарија и Чешка можат да ги понудат за процесот за прием во НАТО да оди напред. Исто така сум многу задоволен што гледам колку политичките и воените лидери во Грција и Северна Македонија брзо се зближија по одобрувањето на Договорот од Преспа, за да разговараат за поблиски односи, рече Пајат на конференцијата „Градење трансатлантско семејство – 70 години НАТО, 20 години од членството на Полска, Република Чешка и Унгарија“, одржана во Суда, на грчкиот остров Крит.

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Поткопувачите на Охридскиот и на Преспанскиот договор може да се најдат на црната листа на САД

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он