Беџет Пацоли, потпретседателот на косовската влада и лидер на Алијансата за ново Косово, го поздрави продолжувањето на дијалогот со Белград и предложи северниот дел да биде слободна економска зона, како Дубаи.
Пацоли ги осуди инцидентите и нападите над Србите за Видовден.
„Не ми се допаѓа тоа што се случи и од едната и од другата страна. Соблекувањето на маиците секако не е убава слика која ја пративме во светот. Но тоа е акција која беше испровоцирана од страна на посетителите, и јас сакам да верувам дека следниот пат ќе биде подобро, изјави во врска со инцидентите.
Рече дека мора да се лечат старите, а не да се создаваат нови рани.
На констатацијат дека не е можно да се постигне договор со Србите на север, доколку се споменува државноста на Косово, Пацоли рече дека затоа се залага за разговори.
„На север се и Албанци и Срби, а тука се и криминални групи кои се добро поврзани и добро заработуваат и и нанесуваат штета и на српската и на косовската економија. Јас сум убеден дека граѓаните се заморени од таков живот“, изјави Пацоли.