Пацоли: Има Албанци кои извршиле воени злосторства и ќе бидат осудени за тоа

Од:

Косовскиот вицепремиер и шеф на дипломатијата, Беџет Пацоли изјави дека има Албанци кои извршиле воени злосторства во Косово и оти за тоа ќе бидат осудени.

– Добро е што ќе има обвиненија против оние кои навистина извршиле воени злосторства и има Албанци кои се виновни. Тие треба да се казнат за тоа, смета Пацоли за швајцарскиот јавен сервис.

Пацоли е убеден дека Специјалниот суд за воени злосторства во Косово нема да покрене обвиненија против косовската политичка елита, посебно против оние кои веќе биле судени во Европскиот суд, како што е случајот со премиерот Рамуш Харадинај.

– Лицата кои веќе биле во судот во Хаг, а потоа биле ослободени, се вратија и сега работат за државата, посочил Пацоли.

Косовците веќе две години чекаат обвиненија од Специјалниот суд за воени злосторства, кој е формиран во 2015 година по изгласувањето на одлуката од страна на косовските пратеници.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски