Љубовта е посилна од се и е поважна од етичката вредност, верата и бојата на кожа. Тоа најдобро го прикажаа момчето и девојката од едно училиште во Мостар.
Фотографијата на момчето и девојката кои се бакнуваат замотани во српско и хрватско знаме, стана хит, а „ Дневни Аваз“ ги откри идентитетите на заљубениот пар, чија фотографија стана хит на сите интернет портали, а чиј бакнеж англискиот „Хафинтонг Пост“ го нарече „најхрабриот потег“.
Станува збор за Урош од Србија и Антонија, хрватица од Широкиот Брег. Поради медиумската изложеност, која настана после објавувњето на фотографијата, Урош и Антонија одбија да дадат изјава во јавноста.
Урош и Антонија се засрамени од медиумското внимание кон нивниот бакнеж, тврди Адла Велагич, потпаролка на УВЦ.
„Двојката рече дека ќе ја раскаже својата приказна кога ќе стивнат импресиите“ вели Велагич.