Осуммина повредени при несреќа во фабрика за оружје во Србија

Од:

Осум работници од фабриката за наменска индустрија „Крушик“ од српскиот град Ваљево се полесно повредени денеска при распрскување на детонаторска каписла на запалка од рачна бомба, јави Танјуг.

Како што соопшти српското Министерство за одбрана, седуммина од повредните работници по укажаната медицинска помош се пуштени на домашно лекување, а еден, кој се здобил со потешки повреди, е пренесен на лекување во Клиничкиот центар во Белград.

Според раковоството на фабриката за оружје, нереќата била предизвикана од човечки фактор. И покрај инцидентот произвдоството во „Крушик“ не е прекинато.

Српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ бил детално информиран за инцидентот, по што побарал од раководтсвото на фабриката во целост да бидат почитувани правилата за безбедност при работа.

Би можело да ве интересира

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда