Осудени доживотно двајцата живи од воениот преврат во Турција во 1980 година

Од:

Турски суд ги осуди на доживотен затвор двајцата преостанати живи раководители на воениот удар од 12 септември 1980 година.

Судот во Анкара ги прогласи за виновни 96-годишниот Кенан Еврен, претседател на Турција (1980-1989) и 89-годишниот Тахсин Шахиккаја, командант на ВВС (1978-1983) за злосторство против државата.

Воениот удар од 12 септември 1980 година е трет по ред воен удар во историјата на современа Турција. По тој удар, армијата имаше уште едно вмешување кога во 1997 година ја принудија Владата на Неџметин Ербакан да поднесе оставка. По превратот во 1980 година педесет луѓе беа убиени, 600.000 уапсени, десетици ги загубија животите поради измачувања, а голем број други беа прогласени за исчезнати.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ