Политичката криза во албанската Централна изборна комисија ескалира откако двајца членови поднесоа оставки во знак на протест поради отстранувањето на друг член од комисијата.
Оставките ги зголемија тензиите и може да ја поткопаат легитимноста на изборниот процес во земјата.
Албанскиот парламент во понеделникот со 74 гласови „за“ сменија еден од членовите на Централната изборна комисија, кој беше поддржан од мала партија, која неодамна ја напушти владината коалиција за да се придружи кон опозицијата.
Парламентарните избори во Албанија се закажани на 23 јуни.