Оставката на Владата на бугарскиот премиер Бојко Борисов е доставена до Народното собрание и галасњето по неа ќе биде прва точка на утрешната собраниска седница, соопшти претседателот на бугарскиот Парламеет, Цецка Цачева.
Борисов, како што јави БТА, денеска инфромира дека неговата Влада поднела оставка по протестите во државата организирани поради зголемувањето на цените на струјата и владините мерки за штедење.
– Ќе ги извршуваме функциите до избор на нова влада и ќе направиме се што е неопходно за обезбедување на непречена работа на државните органи, се вели во инфромацијата за оставката што Владата ја достави до Собранието. – Имаме чест и достоинство. Народот не донесе на власт и ние денеска ја враќаме власта, се наведува во текстот.
Борисов дојде на власт по последните избори во јули 2009 година. Следните редовни парламентарни избори треба да се одржат во јули годинава, но сега по владината оставка, можно е гласањето да се одржи кон крајот на април.
При објавувањето на оставката, Борисов информира дека нема да учествува во работа на преодната влада, што се очекува да биде формирана за период до одржувањето на изборите. – Нема да учествувам во влада во која полицијата го тепа народот, наведе тој.
Бугарските пратеници денеска требаше да се изјаснат за реконструкција на Кабинетот предложена од Борисов, како и за оставката на министерот за финансии и заменик-премиер Симеон Ѓанков, кого требаше да го замени министерт Томислав Дончев.
Според Ѓанков, со оставката на Кабинетот, Борисов покажал дека е вистински лидер. – ГЕРБ ќе победи и на следните парламентарни избори со мнозинство, изјави Ѓанков.
За време на вчерашните демонстрациите во Софија, дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата, при што беа повредени 11 лица.
– Пет полицајци и шестмина демонстранти се повредени, но никој нема сериозни повреди, изјави шеф на полицијата во Софија, Валери Јорданов.
Според бугарските медиуми, во полициски притвор биле задржани 11 демонстранти.