Оставка на шефот на романската разузнавачка служба

Од:

Шефот на романската разузнавачка служба Ѓорѓе Мајор поднесе денеска оставка по критиките кои ги упати до Уставниот суд, поради одбивање на законот кој би и овозможил на Владата да ги собира податоци за граѓаните без претходно одобрение на судот.

Уставниот суд ги отфрли во почетокот на месецот законите кои би им овозможиле на претставниците да собираат податоци и други лични информации за граѓаните без претходно уверување на судот дека тоа лице претставува ризик по безбедноста на земјата.

Судот донесе одлука дека предложените закони се неуставни и оти претставуваат кршење на човековите права.

Оставката на Мајор е прифатена од претседателот Клаус Јоханис, кој ќе именува нов шеф на разузнавањето.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хаос во Букурешт по забраната за Георгеску да биде претседателски кандидат

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он

Романија нема да испрати мировни трупи во Украина

Во Романија уапсен прорускиот претседателски кандидат

Катерина Ѓуровски

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он