Оставка на бугарскиот министер за финансии

Од:

Бугарскиот министер за финансии Симеон Џанков поднесе денеска оставка од функцијата, по масовни демонстрации против политиката на владата.

Десетици илјади Бугари протестираа вчера заради високите цени на електричната енергија и ниските примања, обвинувајќи ја владата за несоодветни мерки со кои го намалува стандардот на граѓаните во најсиромашната членка на ЕУ.

На негово место ќе биде назначен Томислав Дончев, кој во моментот е министер одговорен за фондови од ЕУ.

Од 2009 година кога ја презема функцијата премиер, Бојко Борисов го „напуштија“ девет министри и многу заменици министри, но ова е првпат „жртва“ да биде вицепремиер, јавуваат бугарски медиуми.

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Рокас: Соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било

Возач во Бугарија возел со 3,04 промили алкохол во крвта, казнет е со 18 месеци затвор

А1он

Девојка со нож избоде тројца мажи во Софија, еден од ранетите се бори за живот

Мицкоски: Се што ветивме на изборите многу внимателно го исполнуваме