Основан регионален тим за мини

Од:

Експерти за мини на Хрватска, Србија и БиХ ќе делуваат заеднички на неутрализирање на неексплодираните мини, кои се придвижени од минските полиња поради поплавите, јави Танјуг.

Тоа е договорено на состанокот на регионалниот тим за мини, составен од експерти од три земји, кои разговараа за потенцијалните опасности од поместување на минските полиеа по поплавите кои го погодија регионот.

Регионалниот експертски тим го сочинуваат претставници на Центарот за отстранување мини во БиХ, Центарот за деминирање на Србија и Хрватскиот центар за деминирање, а се сретнаа во Спачва, во Хрватска, за да го утврдат планот на активност за отстранување на опасноста од мини предизвикани од поплави во регионот.

Веднаш по повлекувањето на водата од загрозените подрачја во БиХ, но и во Хрватска и Србија, ќе се работи на детекција на локации на кои дошло до поместување на минските полиња, изјави шефот на Центарот во БиХ Есад Атлетиќ.

Би можело да ве интересира

Чиста сметка, куса љубов

Емир Латифовиќ

Ова е последната исповед на Тито

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Југославија во очите на Американците во 1986 година

Емир Латифовиќ

ФОТО: Еве како Тито ги славел Новите години

Емир Латифовиќ

Откриена најголемата тајна на Тито – Гробот на неговата најголема љубов

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО+ФОТО) Кралскиот двор ги крие тајните на Тито, Милошевиќ и српскиот крал

Емир Латифовиќ