Османи од Фон дер Лајен бара кандидатски статус за влез на Косово во ЕУ

Од:

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, денес во Приштина разговараше со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за актуелните прашања во Косово, неодамна одржаните локални избори и односите со Европската унија (ЕУ).

Како што е објавено, Османи ја нагласи посветеноста на Косово на програмата за реформи во рамките на Планот за раст, нагласувајќи ја важноста на нејзиното спроведување и тесната соработка со ЕУ во тој процес, и изјави дека усвојувањето на Планот за раст ќе биде меѓу првите одлуки на Собранието.

„Претседателката Османи нагласи дека успешните реформи и континуираниот напредок на Косово во меѓународните индекси на демократија и владеење на правото претставуваат јасен доказ за посветеноста на земјата кон европската интеграција. Во овој контекст, таа повторно ја нагласи важноста од доделување на статус на кандидат за членство во Европската унија на Косово, а воедно и наоѓање начин за надминување на постојната блокада во ЕУ“, се додава во соопштението.

Се наведува дека за време на состанокот, Османи инсистирала на укинување на „неправедните мерки против Косово“, потсетувајќи дека самата Европска комисија потврдила дека овие мерки треба да бидат укинати, веќе во јуни 2024 година.

Таа додаде и дека ЕУ треба да обезбеди поддршка за напорите на Косово за приближување кон Унијата и дека поддршката од Европската комисија е клучна во тој процес.

За време на состанокот, се разговарало за процесот на формирање на владата по конституирањето на Собранието, како и за организирањето на локалните избори.

Османи оценила дека тие избори ја покажале професионалноста на косовските институции и посветеноста на граѓаните на демократијата.

Би можело да ве интересира

Вјоса Османи добива смртни закани – институциите не реагираат

А1он

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

Суспензија и кривична за членот на обезбедувањето на Гаши кој извадил пиштол на скопскиот аеродром

Левица: На Вјоса Османи не ѝ е прв инцидент – ДПМНЕ да не го штити Гаши

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го штити обезбедувачот пиштолџија на Африм Гаши

МНР за случајот со косовската претседателка: Ќе бидат преземени сите потребни мерки за во иднина да се избегнат слични ситуации