Ослободени двајцата турски новинари

Од:

Двајцата турски новинари, кои вчера беа задржани во околината на сирискиот град Алепо од активисти на сириската курдска групација Партија на демократски сојуз, денеска се ослободени, јави турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк.

Новинарите Џихат Арпаџик од весникот „Милли газете“ и Кемал Ѓумуш од весникот „Стар“ се ослободени благодарение на интервенцијата на Сириската ослободителна армија.

Двајцата новинари рано изурината и биле предадени на Сириската ослободителна армија во село на десет километри од Алепо, по што се одведени до граничен пункт на турско-сириската граница, во округот Хатај.

Арпаџик изјавил дека лицата кои ги заробиле се однесувале хумано кон нив.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски