Осквернавени српските гробишта во Клокот

Од:

Во српските православни гробишта во Клокот кај Витина, вчера попладне разурнати се 27 споменици, пренесува приштинскиот весник „Коха диторе“.

– Претседателот на новата општина Клокот, Саша Мирковиќ, кој живее во близина на гробиштата, изјавил дека е шокиран од овој вандалски чи, се наведува во веста на „Коха диторе“.

Косовската полиција извршила увид и води истрага за пронаоѓање на вандалите. Во врска со овој настан остро реагирала и канцеларијата за Косово при Владата на Србија, која побарала од меѓународната заедница што поитно да ги окрие и казни вандалите на овој акт, јави дописникот на МИА.

Според „Коха диторе“, овој чин најверојатно е чин на одмазда поради отстранувањето на споменикот на загинатите припадници на ОВПМБ од пред општината во Прешево.

Општина Клокот ги опфаќа населените места и катастарски општии: Врбовац, Грнчар, Клокот и Могила и е формирана врз основа на планот на Марти Ахтисари за децентрализација на Косово. Опфаќа површина од 2.336 хектари и е со српско мнозинско население.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Куче во училиште нападна и повреди деца, го застрела училишниот полицаец

А1он

(ВИДЕО) Инцидент во училиште во Косово: Куче повреди четири деца и полицаец

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Косовските цариници заплениле стока од Македонија вредна 30.000 евра

И Али Ахмети е во Косово

Катерина Ѓуровски

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија