Според францускиот неделен воен магазин „ТТУ“, го обвини военот аташе на САД во Сараево, Скот Милер за илегална трговија со оружје од Босна И Херцеговина.
Случајот го открила мексиканската полиција, во тек на операцијата против нарко картелот Синало, при што запленила оружје со потекло од БиХ, за кое е утврдено дека требало да биде уништено уште во 2003 година.
Милер ги искористил добрите односи со директорот на Заводот на технички ремонт, Хаџиќ Зијад Фазлагиќ, кој бил одговорен и задолжен да го складира непотребното оружје.
-Цреша на колачот е фактот што Фазлагиќ бил комерцијален партнер на Слободан Тешиќ на кого во трговијата со оружјето му помагале поранешниот министер ѕа одбрана Селмо Цикотиќ, заменик министерот за одбрана, Марина Пендеси и високиот службеник на Министерството за надворешна трговија на БиХ, Драгиша Мектиќ, стои во текстот и тврдат дека Државната агенција за истрага и заштита, работи на разоткривање на случајот.
Сите трансакции биле направени преку Тешиќ, чие име е на листата на ОН поради илегална трговија со оружје во Либија, Либерија и Јемен.
Сите споменати во францускиот магазин ги негираат обвиненијата дака се вмешани во илегална трговија со оружјето од БиХ и амбасадорите на САД категорички ги отфрлаат наводите трврејќи дека се неточни и неосновани.
Елена Георгиевска