Организаторите на Европрајд добиле дозвола од полицијата: Парада ќе има, но на друга маршута

Од:

Еден од организаторите на „Европрајд 2022“, Горан Милетиќ, денеска изјави дека во 17:00 часот пред Уставниот суд на Србија ќе се одржи протест на припадниците на ЛГБТ популацијата, а потоа ќе се организира прошетка до стадионот во Ташмајдан, каде ќе се одржи концерт.

Милетиќ за агенцијата Бета изјави дека МУП ја забранила планираната прошетка од Собранието на Србија до Калемегдан, но дека во меѓувреме е одобрена прошетката од Уставниот суд до Ташмајдан.

Тој додаде дека е погрешно протолкувано соопштението на МВР во кое се вели дека денеска нема да има диви прошетки.

„Во МУП го пријавивме пешачењето по новата траса од Уставниот суд до Ташмајдан и добивме одобрение за тој предлог. Очекувам сите учесници на Парадата на гордоста да бидат безбедни и со асистенција на полицијата се да помине без проблеми“, рече Милетиќ и изјави дека на „Европрајд“ присуствуваат околу 1.000 луѓе од странство.

Би можело да ве интересира

Брнабиќ: 10 полицајци се повредени во нередите, има 64 приведени

ВИДЕО: Заврши Европрајд маршот во Белград, противниците на парадата направија хаос

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Противниците на Еуропрајд се пресметуваат со полицијата, на парадата се приклучи партнерката на Брнабиќ

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Инциденти и приведени во Белград, парада сепак ќе има, Брнабиќ дала гаранции

Катерина Ѓуровски

Улиците на Белград се блокирани: Организаторите на Европрајд не попуштаат, парада ќе има

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Србија да остане доследна на одлуката да биде домаќин на Европрајд

А1он