Унгарија од 15 септември долж својата јужна граница ќе распореди полициски сили за да го спречи налетот на бегалци, како и војска, доколку предлогот биде одобрен од Парламентот, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.
– По 15 септември ќе има големи промени… чекор по чекор, ќе ја ставиме границата под контрола. Ќе испратиме полиција, а ако добиеме дозвола од Парламентот и војска, истакна Орбан.
– Не станува збор за 150.000 мигранти кои пристигнуваат, а кои некој сака да ги распредели по квоти, ниту се 500.000, како што слушнав во Брисел. Станува збор за милиони, десетици милиони, бидејќи приливот на мигрантите е бесконечен, нагласува Орбан.