Опозицијата во Црна Гора планира референдум за членство во НАТО

Од:

Главната опозициска сила во Црна Гора – Демократски фронт, соопшти дека со поддршка на Русија ќе организира референдум за членство на земјата во НАТО.

Демократскиот фронт објави денеска дека ќе оргнизира „народен референдум“, ако владејачкото мнозинство продолжи да инсистира одлуката за членство во Алијансата да биде донесена во црногорскиот Парламент.

Лидерот на опозициската партија Андрија Мандиќ истакна дека идејата за референдумот е поддржана од Кремљ.

Црногорските власти тврдат дека руските националисти стојат зад наводниот обид за преврат во октомври, што вклучувал планови за убиство на тогашниот прозападен премиер Мило Ѓукановиќ поради одлуката на неговата Влада за членство во НАТО.

Кремљ негираше дека е поврзан со случајот, но активно ги поддржува црногорските групи кои се спротивставуваат на членството на Црна Гора во НАТО.

Се очекува Црна Гора да го заврши процесот за пристапување кон Алијансата оваа пролет.

Би можело да ве интересира

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

НАТО се обидува да го зголеми производството на оружје на своите членки

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Руте ги повикува членките на НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски