Полицијата од северна Грција соопшти дека околу 400 имигранти, главно Сиријци и Ирачани, го напуштиле транзитниот бегалски центар во близината на Солун и се упатиле кон границата со Македонија, пренесува БТА.
Според полицијата, имигрантите побарале да им биде дозволено да го напуштат центарот, по што тргнале пеш во потрага по други средтсва за транспорт со цел да стигнат до пограничниот град Идомени, на околу 70 километри северно од Солун.
Околу 2.000 имигранти вчера беа префрлени во новоизградениот камп кај Солун, додека грчките власти се обидуваат да се справат со застојот на северната граница, предизвикан од одлуката на државите долж балканската бегалска рута од минатиот викенд за ограничувања на дневниот прием на бегалци.