Засега непознати лица во текот на вчерашниот ден го ограбиле домот на Јованка Броз, вдовица на претседателот на некогашна СФР Југославија, Јосип Броз – Тито.
Како што соопшти денеска српската полиција, крадците упаднале во куќата, што се наоѓа во белградската елитна населба Дедиње, и украле засега неутврден број вредни предмети.
Истрагата околу грабежот е во тек, се наведува во полициското соопштение, без да се соопштат повеќе детали за целиот случај.