Оџалан го охрабри процесот за решавање на курдското прашање

Од:

Лидерот на бунтовничката Курдска работничка партија (ПКК), Абдула Оџалан во порака испратена преку делегација на курдски политичари се заложи за продолжување на мировниот процес за решавање на курдското прашање.

Делегација од курдската Народната демократска партија (ХДН) го посети Оџалан во затвор на островот Имрали, каде тој отслужува доживотна затворска казна.

Во разговорот Оџалан изјавил дека мировниот процес навлегол во нова фаза. – И претходно имаше надеж за нов, сериозен почеток. Таа надеж треба да биде зачувана и поттикната, истакна лидерот на курдските бунтовници.

Претставници на партијата изјавија дека Оџалан ја потенцирал важноста од конструктивниот пристап, кој медиумите треба да го имаат во овој важен историски процес, во кој се налегува во моментов.

Турските власти од крајот на 2012 година водат преговори со Оџалан со цел мирно решавање на курдскиот конфликт, во кој откако ПКК во 1984 година ја почна борбата за автономија во претежно курдските региони во Турција, досега загинаа десетици илјади лица.

Оџалан прогласи прекин на огнот во март 2013 година и курдските бунтовници почнаа да се повлекуваат од земјата во мај. Неколку месеци подоцна сепак повлекувањето беше прекинато.

Членовите на ПКК изминатиот период ги обновија своите терористички операции и покрај продолжувањето на процесот за мирно решавање на курдскиот конфликт.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ