Од Грција во време на кризата изнесени 115 милијарди евра

Од:

Обемот на капитал што „побегнал“ од грчки банки од крајот на 2009 година до јуни 2012 година изнесува околу 115 милијарди евра, се вели во податоци од истражување на Националната банка на Грција.

Од тие пари, околу 50 милијарди евра се вратиле во локалниот кредитен систем со што нето загубите на грчките банки се 56,8 милијарди евра, објави Катимерини.

Проценките се дека 24,3 милијарди евра се уште се во Грција и дека со тие пари се подмируваат потребите на домаќинствата и фирми, додека 32,5 милијарди евра се префрлени во странство.

Од државата во времето на кризата се повлечени и 19 милијарди евра кои во грчки банки ги имале странски државјани.

Стравувањата дека Грција ќе банкротира поттикнале префрлувања на средства од Грција во Британија (10-15 милијарди евра), во Германија (осум милијарди евра), Холандија (шест до 10 милијарди евра) и Швајцарија (две до 4 милијарди евра). Околу седум милијарди евра префрлени се на Кипар, но само 1,5 до две милијарди евра останале во таа држава.

Би можело да ве интересира

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија