Од денеска задолжителна маска за сите во супермаркетите во Грција

Од:

За вработените и потрошувачите во супермаркетите во Грција, од денеска е задолжително носењето маска, а во спротивно, предвидена е казна од 150 евра.

Во Грција, првпат се воведува оваа мерка, со оглед на тоа дека во првата фаза од укинувањето на рестрикциите и карантинот на почетокот на мај, за супермаркетите, маската беше задолжителна само за вработените што работат со прехранбени продукти кои не се спакувани, а не и за клиентите. Единствено досега, постоеше препорака за носење.

Министерот за развој и инвестиции на Грција Никос Папатанасис, говорејќи за грчката телевизија „Скај“ рече дека не е тешко да се спроведе мерката и упати апел до супермаркетите да имаат на располагање маски, во случај некој од муштериите да нема.

Министерската одлука објавена синоќа во Службен весник на Грција е во сила до 26 јули.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он