Од Црна Гора се одлеале 37 милиони евра

Од:

Вкупниот прилив на странски директни инвестиции во Црна Гора во првата половина од годината изнесува 222,3 милиони евра, додека истовремено се одлеале 37 милиони евра, се наведува во извештајот на Централната банка на Црна Гора.

Инвестициите во однос на истиот лански период се зголемени за еден отсто додека вкупниот одлив е намален за 42,6 отсто, објавија црногорски медиуми.

Одливот по основа на вложувања на резиденти во странство бил 9,8 милиони евра, додека на повлекување пари од нерезиденти инвестирани во Црна Гора изнесува 27,2 милиони евра.

Нето странските директни инвестиции односно разликата меѓу нивниот прилив и одлив во првите шест месеци изнесува 185,4 милиони евра што е за 19,1 отсто повеќе отколку минатата година во тој период.

Би можело да ве интересира

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба