Од Ципрас до Трамп

Од:

Вима – Атина

Има многумина кои конечно ја коментираат трагичната безизлезност во која се најде Алексис Циппрас по изборот на Доналд Трамп на претседателсата позиција во САД. А тоа е затоа што премиерот конечно сфати дека бил првиот предводник на реториката на омраза, која му овозможи доаѓање на власт во Грција.

Но, сега тој сфаќа до каде го доведе злоупотребата на демагошкиот говор на омраза. Трамп и дава сила на целата националистичка десница насекаде низ светот. Нему му aплаудираа и Ле Пен во Франција, Фараж во Велика Британија, еклстремно десничарската ксенофобска партија Алтернатива за Германија, Михалолиакос од Златна зора во Грција.

Очигледно, Трамп не е најдоборото нешто за левицата и за Алексис Ципрас. Но, во полииката ништо не останува без последици. Во неа се си има своја цена и се плаќа…

Некои во партијата Сириза, но и во Владата, гледаа во демонстрациите на Американците против Доналд Трамп под слоганот „Not my president“ (Не е мој претседател) лош знак, дека тоа би можело да се случи и во Атина против политиката на Ципрас под мотото „Не е мој премиер“.

Со сигурност може да се каже дека сите тие пораки се појавија и одат кон премиерот заради многуте изјави кои тој ги даде во дворецот Максим по изборот на Трамп.

Надвор од земјата Ципрас демонстрира ладнокрвност и оптимизам и оддава впечаток дека ги заложува сите свои надежи на посетата на претседателот во заминување, Барак Обама.

А знаете ли што се зборува на тие таjни состаноци? Дека Обама ќе продложи да биде силниот претседател на САД до 20 јануари со сите свои ингеренции.

И за да бидат поубедливи, го посочуваат бројот на американски, но и на европски новинари кои го следат неговото доаѓање сакајќи на тој начин да покажат колку интересно на глобално ниво е присуството на Обама во Грција. Дури и германски новинари дојдоа во Атина, според информација која протече од Владата. Притоа сите знаат дека по Атина, Обама ќе оди во Берлин.

Тимот на премиерот се надева дека за време на посетата на Обама ќе има дебата за грчкиот долг и за проблемот со Кипар, за ситуацијата во целиот регион, за меѓународниот тероризам, за Сирија и за други нешта.

Но, какви решенија може да донесе еден претседател во заминување, кои би можеле да имаат обврзувачки карактер за популистот Трамп. Веројатно Обама ќе се ограничи на општи приказни и ветувања да завршиме со реформите.

Во Владата не се малкумина оние кои тврдат дека во рамките на посетата на Обама ќе стане збор не само за долгот, туку и за американски авиони.

На Атина генерално не и се допаѓа фактот дека Анкара во 2018 година ќе купи најмодерни и скапи борбени ловци Ф-35 од типот стелт, и како арагумент истакнува дека со таа американска испорака за Турција ќе се смени балансот на силите во Егејското Море.

Така Атина ќе бара од Обама да стори нешто (барем до јануари): или до 2018 да не и ги предаде тие авиони на Турција или и Грција да купи некои од нив. Само што во една земја како Грција преоптоварена од кредити, со осиромашени луѓе од намалувањата на платите и пензиите, при високи даноци и невработеност, тешко е да бидат најдени пари.

А тоа се многу пари. За тоа и на неодамнешниот состанок кај премиерот беше и министерот за одбрана, Панос Kаменос. Што се одлучило на тој соатанок останува тајна (велат дека е означено како државна тајна).

Би можело да ве интересира

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија